Во Бугарија пак може да се патува, но со негативен ПЦР тест

Бугарија ќе дозволи влаз на граѓани од пет држави, меѓу кои и на Македонија, но само со негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа, соопштија бугарските власти.



Покрај Македонија, влез им е дозволен и на туристи од Молдавија, Израел, Кувајт и Србија.

Барањето било на туристичкиот сектор, а од Кабинетот на бугарскиот премиер, Бојко Борисов, оцениле дека потегот ќе претставува сериозна поддршка за бугарските хотелиери.