Во Бугарија на повидок протест и за – македонските јагниња

Бугарската национална асоцијација на одгледувачи на овци најавува подготвеност за протест поради, како што велат оттаму, неконтролираниот увоз на јагнешко месо од Македонија.



„Досега во Бугарија се увезени над 200 тони јагнешко месо од југозападниот сосед по цена под 7 евра за килограм, што го компромитира пазарот на бугарското јагне“, изјави претседателот на Здружението на одгледувачи на овци, Симеон Караколев, за Бугарското национално радио (БНР).

Според него, ако се продолжи вака, повеќе од 50 илјади бугарски јагниња ќе останат непродадени, што би било уште еден удар за бугарската сточарска индустрија.

Во понеделник претставници од секторот ќе имаат средба во Министерството за земјоделство, а доколку не добијат гаранција за вонредни мерки од државата, на 30 март ќе ја блокираат границата на пунктот Кулата.