Во Бугарија 4 лица заразени со коронавирус

Четири лица се заразени во Бугарија соопштија бугарските властиу откако по синоќешните два, утрово беше потврден COVIT19 и кај други две лица.



Меѓу нив е и медицинска сестра која била во контакт со 75-годишната пациентка за која вчера беше објавено дека е позитивна на вирусот.

Исто така вториот заразен од денеска е пациент од болницата од каде била медицинската сестра.

Премиерот Бојко Борисов истакна дека во моментов Бугарија располага со 3.000 тестови, и плус треба во следните часови, денови да пристигнат уште 4.000, што ќе биде доволно.