Екс премиерот и актуелен азилант Никола Груевски утринава е уапсен во главниот град на Унгарија.
Тој се наоѓа во судот во Будимпешта на судско рочиште по барање за екстрадиција од македонските власти, објавуваат унгарските медиуми.
На сликите објавени од медиумите поранешниот премиер во судницата е со палто врз лисиците, а носи темни очила и капче.
Адвокатите на Груевски бараат судењето да биде затворено за медиумите, на што се согласило унгарското јавно обвинителство.
Македонското Министерство за правда бара екстрадиција за Груевски за одсл наужување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.





