Телата на пет мажи со врзани раце зад грб се пронајдени во „комора за мачење“ во Буча, соопштија официјални лица од Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина.



Се наведува дека обвинителите заедно со полицајците од регионот на Киев ја пронашле „комората за мачење“ во санаториум за деца.

Фотографии од телата се објавени и на официјалната Фејсбук страница на Државното обвинителство. (Фактор)