Истражувачите од Универзитетот во Единбург идентификуваа уште еден нов сој на коронавирусот во Велика Британија, кој веќе се проширил во десет земји во светот, објави во понеделникот попладнето електронското издание на весникот The Guardian, повикувајќи се на истражувањето на шкотските научници.
Сојот кој е наречен B1525, бил идентификуван со секвенционирање примероци од вирисот во Данска каде имало 35 случаи, во Велика Британија – 32, во Нигерија – 12, во САД – 7, Франција – 5, Гана – 4, во Австралија, Канада и Јордан по 2 и еден случај во Шпанија.
Беше објавено дека научниците потврдуваат дека сојот на коронавирусот откриен во Велика Британија е поопасен отколку изворната форма на патогенот SARS-CoV-2.





