Во Босна повеќе заразени од корона отколку во Кина!

Босна и Херцеговина од вчера и официјално има поголем вкупен број на лица заразени со коронавирус отколку Кина, првата земја во која се појави оваа инфекција, пренесува Клиџ.ба.



Порталот од Сараево наведува дека вкупно 86.706 лица заразени со коронавирус биле регистрирани во БиХ од март до сабота, од кои 52.650 лица се опоравиле, а 2.577 – починале.

Во Кина живеат повеќе од 1,4 милијарди луѓе , а нешто повеќе од 3,5 милиони луѓе во БиХ.