Во Битола формирано ново Бугарско здружение

По затворањето на Бугарскиот културно информативен центар „Ванчо Михајлов“, последните денови пред истекот на 2023, во Битола беше промовирано Здружението „Балкански мост“.



Тие донираа новогодишни пакетчиња за Домот за доенчиња и мали деца во Битола, купени со финаниска помош на Фондацијата на бугарскиот стопанственик Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарска памет“.

 

Во минатата година, ова Здружение во јавноста излезе со настан од проектот „Стоп за семејно насилство“ инициран од сопругата на бугарскиот амбасадор во Македонија Билјана Ангелова.

Новото Здружение „Балкански мост“ објави на нивната официјална Фејсбук страница дека во организација на Министерството за образование и наука, заедно со Амбасадата на Република Бугарија и генералниот Конзулат во Битола, организираше информативна презентација на сите оние заинтересирани кои сакаа своето високо образование да го продолжат во градовите Пловдив, Благоевград, Варна, Софија и Стара Загора во Бугарија.

Неофицијално, претседател на ова ново Здружение „Балкански мост“ е Љупчо Јошевски вработен во РЕК „Битола“ каде што работи и претседателот на Бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ Љупчо Георгиевски.