Во битка за владина комисија се екс министер на СДСМ, братучетка на актуелен министер, командант Шпати, другар на Шилегов…

На огласот за именување членови за Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, се пријавиле 35 лица, а Маркукуле ексклузивно дознава кој се’ се пријавил да членува во оваа престижна државна комисија, која е надлежна за решавање по жалби против решенија донесени во управна постапка во прв степен од страна на министерствата, другите органи на државната управа, организации утврдени со закон и други државни органи.



Едно име остава посебен впечаток, а тоа е екс министерот за транспорт и врски и еден од функционерите на СДСМ со најдолг век на државна функција, Горан Сугарески.

Како што дознаваме, Сугарески е прв поранешен министер кој конкурира за член во оваа комисија.

Комисијата брои 11 членови, а се пријавени 35 лица. Интересно е што меѓу пријавените е и Даниела Бочварска, инаку прва братучетка на актуелниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски, како и Кристијан Чушков, кој е актуелен член на Извршен одбор на Градската организација на СДСМ и важи за близок пријател на Петре Шилегов. Чушков беше и директор на ЈСП.

Во трката за важната владина комисија е и Хајрула Мисини од ДУИ кој е познат како Командант Шпати.

Повеќе на Маркукуле