Во Беса уверени дека барањата ќе им се исполнат

„Ние сме оптимисти дека барањата на Движење Беса ќе бидат исполнети бидејќи на крајот на краиштата не се барања за амнестирање на криминалци, туку барања кои низ историјата ги барале Албанците во Македонија и истите се аргументирани и логични.



Затоа, веруваме и се надеваме дека ќе бидат реализирани“, вели Абдуш Демири портпарол на движењето Беса за 21.ТВ

Од Беса го условуваат гласањето за уставните измени со прифаќање на нивните барања за дополнителни измени на Уставот.