Утрово е најстудено било во Берово, каде биле измерени -11 степени, но од вечерва се очекува поларен студ да ја зафати целата Макденија.
Според податоци од УХМР, синоќа биле измерени -10 е во Лазарополе, -9 во Маврово, -8 во Скопје (Петровец), Крива Паланка и Крушево, -7 во Штип, Битола, Прилеп, Претор и Демир Капија, -6 во Скопје (Зајчев Рид), Тетово, Охрид, Струмица и Дебар, -5 во Куманово и Виница, како и -4 степени во Гевгелија.
Веќе од попладнево Македонија ќе биде зафатена од студен и влажен бран, најавуваат од УХМР, при што во текот на ноќта, како и во четврток ќе има врнежи од снег, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови од земјава.
Се очекува насекаде да се формира нова снежна покривка, на западот и југот околу 10 см, на планините и над 20 см, а најмала во североисточните делови – околу 5 см.





