На конференција за Западен Балкан, во Берлин, Зоран заев се заканил дека ќе поднесе оставка како премиер доколку земјата не добие датум за преговори од Европската комисија во текот на оваа година, тврди косовскиот новинар Батон Хаџиу кој го следел Самитот во Берлин.



„Најинтересена беше средбата на албанскиот премиер Еди Рама и премиерот на Северна Македонија Зоран Заев со канцеларката Ангела Меркел и претседателот на Франција Емануел Макрон.

Таму се случија некој работи кои значително ќе ги менуваат работите понатаму со тоа што ќе се случува на Балканот. Според информациите што ги имаме, Заев рекол дека ако не се отвори патот за преговори ќе си даде оставка“, изјавил новинарот на телевизијата „Клан косова“.