Вчера беше отпуштен и последниот пациент со корона од болницата „Папата Јован ХIII„ во италијанскиот град Бергамо.



„Извојувавме победа. Отпуштањето на последниот пациент беше проследено со многу емоции. Конечно сите медицински лица можат да облечат нормални униформи, зашто одделот за интензивна нега е ослободен од ковид-19. Одделот од денеска може да се посвети на пациенти со други патологии“, изјави генералната директорка на болницата, Марија Беатриче Стази.

Бергамо и северниот италијански регион Ломбардија беа првото големо жариште на коронавирусот во Европа, каде имаше околу 6.000 жртви на ковид-19, а во најкритичните денови, во споменатата болница имаше по 100 пациенти истовремено приклучени на респиратори за чиј живот се бореа 400 медицински лица.