Во вооружена престрелка во Белград попладнево е убиен еден од најпознатите српски адвокати Драгослав Миша Огњановиќ.
Убиен е во заседа во која е ранет неговиот син, а убијците избегале веднаш по поставената заседа.
Огњановиќ е познат е како бранител на повеќе српски познати личности а ги застапувал и Мира Марковиќ и Слободан Милошевиќ.
Поради тоа што како правник бранел и голем број криминалци Огњановиќ го нарекуваа Адвокат на ѓаволот.
Тој беше познат како дел од белградската елита.
Полицијата се уште нема детали ниту осомничени.




