Во израелски напад со беспилотно летало врз Бејрут, убиен е заменик-лидерот на Хамас, Салех ал-Арури, потврдија либански и палестински безбедносни извори.



Атентатот на либанска територија го зголемува ризикот војната во Газа да се прошири многу подалеку од палестинската енклава,јави Ројтерс.

Либанската силно вооружена група Хезболах, сојузник на Хамас, речиси секојдневно разменува оган со Израел преку јужната либанска граница од почетокот на војната во Газа во октомври.

Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах му се закани на Израел дека секој атентат на либанска територија ќе биде возвратен со „жестока реакција“.

Хезболах вчера соопшти дека истрелал проектили врз група израелски војници во близина на градот Марја во Либан по убиството на Ал Арури.

Израел ниту го потврди ниту го демантираше атентатот, а портпаролот на израелската војска контраадмирал Даниел Хагари рече дека израелските сили се во состојба на висока готовност и подготвени за секое сценарио.