Грчката полиција се судри со демонстранти во Атина вчера на одбележувањето на 45 годишнината од насилните протести во 1973 година, по кои беше соборена воената хунта во Грција.



Околу 10.000 луѓе маршираа до Американската амбасада во Атина, а многу Грци веруваат дека САД помогнаа во седумгодишната воена диктатура на хунтата, објави Ројтерс.

Конфликтите избија по завршувањето на маршот, а некои демонстранти ја гаѓаа полицијата со камења и молотови коктели.

„Катимерини“ денеска јавува за 19 уапсени.