Граѓанските групи ја интензивираа кампањата на социјалните медиуми со цел да привлечат што е можно повеќе демонстранти на Плоштадот Синтагма за протест против договорот на Преспа, закажан за 14 часот во Атина.



Според Михалис Пацикас, член на организациониот комитет, се очекува повеќе од 3.000 автобуси од северна Грција да стигнат до Атина на митингот или околу 200.000 граѓани.

Локалните власти, цркви и манастири помагаат да се организира трансфер на луѓе од целата земја до главниот град на Грција.

Организаторите очекуваат поголем одѕив на митингот од оној во февруари минатата година, кога се одржа масовен протест во Атина против компромисот за прашањето за името.

Според полициски процени, на ланскиот митинг имало 140.000 луѓе, додека организаторите тврдеа дека бројот е 10 пати поголем.

Јоргос Тациос, член на организациониот комитет на митингот, за „Катимерини“ изјави дека на владата ќе ѝ биде испорачан „масовен одговор“ од целата земја.