Денеска во во Атина, беше откриен споменикот на Александар Велики, на свеченост која присуствуваа градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, поранешниот грчки министер за култура, Евангелос Венизелос, градоначалникот на Пела, Григорис Стамкос и на синот на скулпторот Јанис Папас, Александрос Папас,
Атинскиот градоначалник во обраќањето рече дека станува збор за вистинско и големо уметничко дело, кое по тешките и долги бирократски процеси, конечно си го најде своето место.
– Ова е дело за кое самиот скулптор, со години истражуваше за да стигне до споменик без воен симболизам и го претставува Александар Велики, не како војсководец, туку како момче“, рече атинскиот градоначалник и истакна дека е особено среќен што токму тој ја има честа да го открие споменикот.
Скулпторот Јанис Папас уште во 1941 започнал да работи на споменикот, а делото го завршил во 1972.




