Во Албанија со пасош за вакцинација или во карантин

Од денеска ниту еден странец или државјанин на Албанија не може да влезе во земјата без доказ дека е негативен на коронавирус.



При влегување, потребно е да покажете пасош за вакцинација, со датум од најмалку две недели од целосна вакцинација, негативен PCR тест не постар од 72 часа или антигенски не постар од 48 часа, или потврда за прележан коронавирус., јавува ABC Albania.

Граѓаните на Албанија кои немаат ниту еден од потребните документи по пристигнувањето во земјата, ќе бидат ставени во 10-дневен карантин.

Новите строги антиковид мерки кои доаѓаат по успешната туристичка сезона кога во земјата беше слободен влезот, вклучуваат и полициски час од 23 до 06 часот.