„Има зголемување на запленето количество кокаин кој транзитира низ Албанија кон Европа, покрај откривањето на лаборатории за обработка на хероин и кокаин во северна и централна Албанија. Албанските криминални групи тргуваат со кокаин и хероин на европските пазари од земјите во Јужна Америка и Азија, кои се извори на овој вид дрога“, се наведува во извештајот на Стејт депарментот во кој Албанија се посочува како извор на канабис и транзитна земја на кокаин и хероин, пренесува порталот Exit.al
Во извештајот за 2018 година, стои дека шверцот на канабис, како и силните дроги, главно ги командуваат елементи на организиранот криминал, кои ги шверцуваат од земјите на потекло кон европските пазари.
Се посочува, исто така, дека „официјалната корупција е широко распространета и промовира средина во која трговците со дрога се способни да дејствуваат без да бидат казнети“.






