Денеска во раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јаво обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, припадниците на МВР спроведоа координирана акција на повеќе локации во Општина Гази Баба и Општина Студеничани.



Во акцијата се лишени од слобода девет лица меѓу кои и две деца над 16 години во судир со законот, а по две лица се трага.

„Криминалистичката истрага над организираната 13-члена криминална група, која делувала на тeриторија на Република Македонија, се спроведуваше од мај 2022 година до октомври 2022 година, објави МВР.

Постапувајќи по кривичната пријава, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица и подготвителна постапка за двете деца. Меѓу осомничените е и еден полициски службеник, како и две лица кои во моментов се на издржување на казна затвор за кривично дело – Криумчарење на мигранти. Постои основано сомневање дека сите осомничени сториле кривично дело Организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти од член 418-в и Криумчарење на мигранти од член 418-б од Кривичниот законик.

Извршени се претреси кај 11 лица, во вкупно 11 објекти лоцирани на подрачје на Скопје, а лишени од слобода се девет лица (од кои еден е вработен како полициски службеник), по две лица се трага, додека две лица-членови на криминалната група веќе издржуваат мерка затвор во КПУ Скопје и КПУ Идризово, за претходно сторени кривични дела „криумчарење мигранти“. При извршените претреси пронајдени и одземени се: мобилни телефонски апарати, СИМ картички, патнички моторни возила, пари, оружје (пиштол, пушка), уплатници од извршени уплати преку брз трансфер на пари …