Два автомобили во вредност од речиси 90.000 евра, набавила Националната агенција за европски образовни програми и мобилност чија директорка, Лидија Димова, деновиве се најде во фокусот по информациите дека европски пари се делеле на фризерница, тренирање на магаре, обука за угостителство во Кипар.



Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации во 2018 година, Агенцијата набавила Фолксваген Пасат во вредност од 45.327 како и Фолксваген Тигуан во вредност од 43.576 евра, објави „Вечер“.