Со 82 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа законот за покачување на платите во јавниот сектор за 4 проценти кое важи од септември што беше ветено лани.
Државните институции чекаа денеска да поминат измените во Собранието за да ги исплатат септемвриските плати.
Парите беа обезбедени во буџетот, но немаше законски основ за новото зголемување.
Повисоките плати на вработените во јавната администрација повлекуваат дополнителни 10.2 милиони евра од буџетот до крајот на годината.
Претходно на расправата пратениците од ВМРО ДПМНЕ предложија наместо за 5 покачувањето да биде 10 отсто за да се надомести неправдатата кон вработените.




