Одбранбениот буџет за следната година изнесува историски најголеми, 2,05% од бруто-домашниот производ, односно речиси 330 милиони евра, што е за 50 милиони евра повеќе од буџетот за 2023 година.
„Продолжуваме да инвестираме и во нова и модерна опрема за која во 2024 година се одвоени една третина од буџетот, односно речиси 100 милиони евра, што е за 10 милиони евра повеќе од 2023 година“ соопштуваат од Министерството за одбрана, пренесува Фактор






