До 2021 СДСМ за 5 години ќе се задолжи повеќе од ВМРО-ДПМНЕ за 11 (ВИДЕО)

Поранешната заменичка министерка за финансии од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочовска Димитриевска пресметува дека со долгот што власта го најави за 2021 година ќе се случи досега невиден феномен во македонската економија.



Според бројките што ги анализирала екс министерката за финансии со долгот што веќе е предвиден во 2021 година владата на СДСМ ќе дојде на ниво кое е повисоко од вкупниот раст на долгот за сите 11 години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ до 2017 година.

Владата на Заев за 5 години со предвиденото задолжување од 600 милиони евра само за идната година ќе се задолжи повеќе отколку што ВМРО-ДПМНЕ се задолжи за сите години од 2006 до април 2017 година, вели Кочовска – Димитриевска во емисијата Заспиј ако можеш со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ на ТВ Алфа.

Таа тврди дека високото задолжување не е само по себе проблем доколку парите се инвестираат во проекти кои ги враќаат парите на државата но такво нешто и покрај високото задолжување сега нема, власта не гради ниту патишта ниту други инфраструктурни проекти

Во емисијата екс министерката дава низа информации поврзани со економската и финансиската состојба на земјата кои загрижуваат.

https://www.facebook.com/AlfaTelevizijaMk/videos/782913618972954/