Во 16 часот денеска – сите дома!

Денеска и утре забрането е движењето на сите граѓани од 16 до 5 часот.



Според одлуката на Владата, сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење и со работа да завршуваат најдоцна до 15 часот.

Истовремено, во сила остануваат сите други претходно донесени забрани.