Во 1.300 институции недостигаат преведувачи

Законот за употреба на јазиците постепено се имплементира, но проблем е немањето доволно преведувачи па дел од коресподенцијата се врши само на македонски јазик.



Станува збор за 1300 институции каде што преведувањето на документите мора да биде точно и прецизно, пренесува „Телма“.

Во наредниот период ќе се формира и Инспекторат кој ќе се грижи за спроведување на Законот како на централно така и на локално ниво.