При посетата на Скопје на 7 мај, папата Франциск ќе добие личен подарок од скопјанецот Алојз Гомбар, внук и единствен наследник на тапиите на Мајка Тереза, која токму сегашниот поглавар на католичката црква ја прогласи за светица.
По официјалниот пречек, папата Франциск ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, како и со претставници на граѓанското општество и на дипломатскиот кор. За време на престојот во земјава, тој ќе има средби и со верски лидери, и со сиромашни лица.
Папата ќе ја посети и спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, каде што е предвидено Гомбар да му го предаде подарокот.
Извор : Вечер





