Внукот на Али Ахмети се приклучува на БЕСА

Движењето БЕСА денеска ќе објави дека кон оваа партија се приклучува Фатмир Лимани со својата политичка структура, дознава МКД.мк.



Лимани, кој е внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, минатата година ги напушти „интегративнците“ и се кандидираше за градоначалник на Кичево, освојувајќи близу 5.000 гласови.

Генералниот секретар на Беса Арјанит Хоџа во изјава за МКД.мк потврди утрово дека во 11 часот јавноста ќе биде информирана дека на партијата ѝ се приклучи Фатмир Лимани со својата политичка структура и дека пред новинарите и самиот Лимани ќе информира за мотивите да ѝ се приклучи на опозициската БЕСА и за политичкиот капацитет на својата структура.

Лимани неделава го најави своето приклучување кон Беса. Тој водеше разговори и со Алијанса за Албанците, со идеја за окрупнување на албанската опозиција, но рече дека во моментов кај партијата на Зијадин Села активностите се насочени кон конгресот идниот месец кога се можни партиски преструктуирања и дека разговорите биле паузирани.