„Фатмир Лимани од Кичево во последниве денови се сретнал со претставниците на Движењето Беса и со претставниците на Алијансата на Албанците. Дали тој ќе се ангажира повторно во политиката по својата кандидатура како независен кандидат за градоначалник на Кичево на минатогодишните локални избори? ‘Вистина е дека сум се сретнал со претставниците на Движењето Беса и со претставниците на Алијансата на Албанците, заради обединување во албански опозициски фронт.’ – одговори Лимани.“ – објави информативниот портал на албански јазик “Топ 24’“ во информацијата со наслов „Фатмир Лимани ги доближува ставовите со Движењето Беса – другарите од илегалата се наредуваат до Движењето Беса“.
“Топ 24’ пишува: „Запрашан кои се причините за тоа, Лимани кажа дека се работи засилено опозициските партии да имаат заедничка листа, со која ќе се натреваруваат на идните парламентарни избори. Лимани натаму дополнува дека ќе се ангажира во ‘борбата против злото кај Албанците’ и оти ќе го даде својот максимум во тој поглед.“
„На прашањето дали ги доближил ставовите со некој од албанските политички субјекти во Македонија, Фатмир Лимани рече дека ‘другарите од илегалата се наредуваат до Движењето Беса.“





