Еден од внуците на францускиот воен херој и поранешен претседател Шарл де Гол изјави дека сака руско државјанство, истакнувајќи дека Русија нуди „големи можности“.
Пјер де Гол е малку познат во Франција, но руските државни медиуми ги поздравија неговите про-Кремљ изјави како доказ дека водечките западни гласови го поддржуваат нападот на Москва врз Украина.
„За мене би било чест да добијам руско државјанство“, изјави тој за новинарите на културниот форум во Санкт Петербург, пренесуваат руските агенции.
Според него Русија „се бори за традиционалните вредности, семејството и духовноста“ во Украина и дека „НАТО изгубил“.
Шарл де Гол го предводеше францускиот отпор од Лондон за време на Втората светска војна, пред да се врати во Франција.
Како претседател, тој ја позиционираше Франција како врска помеѓу западниот блок доминиран од Соединетите Држави и Советскиот Сојуз за време на Студената војна.
Сепак, историчарите се согласуваат дека Де Гол, исто така, ја задржа Франција цврсто закотвена во западниот сојуз.







