Синот на легендарниот покоен политичар Амди Бајрам, Габриел, за 20 роденден на својот син со емотивна порака му подарува скап автомобил и апелира да не го вози над 150 километри на час.
Габриел Барјарм бара синот да се заколе во џамија пред Алах дека ќе го послуша својот родител.
“Сине мој, слико моја, наследнику на тато, гордост татина,
Денес ти е роденден и сите сме радосни исто како и кога си се родил пред 20 години.
Отсекогаш го имаше карактерот и храброста на тато,
Те израснавме со љубов но и со грижа да не ти се случи нешто. Знаеш дека твојата желба за нас, отсекогаш била заповед. Дека твоето барање за нас беше наредба.
Сине наш, знаеме што сонуваш и знам што отсекогаш си посакал. За тебе, тато се ќе даде па дури и душата своја, дури и очите, дури и срцето…. но сепак, толку те сакам што не сакам да ти се случи било што, сакам да те заштитам.
За овој 20-ти роденден, ти купив две подароци, ама само еден ќе ти дадам. Кој? Самиот ти ќе бираш. И двата ти се од срце, но сепак, едниот е без услов а вториот е со услов.
Едниот подарок е твој и клучевите ти ги даваме веднаш и сега!
Вториот подарок е со услов и се зависи од тебе а сведок сакаме да е Аллах.
Знам дека го посакуваш, знам дека ти е при срце, ама ете…
Сине се плашам за тебе.. премногу и затоа сакаме да ни ветиш нешто, и тоа пред Господ да се заколнеш во џамија:
1. Нема да возиш повеќе од 150 на час
2. Ќе возиш внимателно и ќе пазиш на секое твое движење
3. Ќе го чуваш и негуваш, бидејќи е твој и ничиј друг
4. Ќе го почитуваш дадениот збор
Сега ти бираш, или подарок без услов, или подарок со услов. Клучевите се твои, изборот е твој”, пишува Габриел Бајрам до својот син на пост кој што е објавен јавно.






