Во четири блок тарифи ќе бидат поделени домакинствата на кои ќе им се пресметува висината на сметката за струја во зависност од потрошените киловати, но Регулаторна и експертите кои ги изготвуваа предлог новите правила убедуваат дека 87% од домаќинствата ќе имале пониски сметки за електрична енергија,.



„Надлежните“ сепак засега не можат прецизно да пресметаат како точно би изгледале сметките на граѓаните, но уверуваат дека прават сѐ, оние кои рационално ја трошат струјата помалку и да платат.

Како што беше соопштено, во првиот „тарифен“ блок ќе бидат домаќинствата кои трошат до  210 киловатчасови струја,

во вториот до 420 киловатчасови,

додека пак оние кои трошат струја од 420 до 630 киловатчасови ќе бидат сместени во третата група.

Во 4-от тарифен блок ќе влезат оние домаќинства кои ќе плаќаат струја по цена како кај малите потрошувачи со сегашната ниска тарифа.

Со новиот тарифен модел броилата ќе се читаат на секои 35 дена, а домаќинствата ќе се „бодуваат“според регистрираното броило, а не според бојот на членови на семејство.

Ќе се тарифира само потрошувачката на скапата струја, односно онаа потрошена во периодот на високи дневни оптоварувања (од 7 до 22) часот, додека во периодите во ниски дневни оптоварувања (од 22 до 7 часот) и в недела ќе се применува иста цена.

Реформата на тарифниот систем за електрична енергија, денеска беше на јавна расправа во Регулаторната комисија за енергетика.