Внимавајте – активна измама, злоупотреба на Шпаркасе банката

ИТ експерти предупредуваат дека во Македонија граѓаните треба да внимаваат затоа што се случува активна измама во која се злоупотребува Шпаркасе банката.



Непознати напаѓачи го користат името на оваа банка за да влезат во податоците на граѓани со цел да одземат податоци но и банкарски сметки доколку граѓаните не знаат што им се случува и дозволат пристап.

,,Активна измама!
Споделете и предупредете!

Phishing напад кој имперсонира Sparcasse банка, со ветување дека ќе добијат пари.

Пратено како email со линк до лажна стана на Sparcasse.
Линкот е скриен во QR код за да е потешко да се види дека не е оригинална адреса на банката”, стои во предупредувањето објавено на социјалните мрежи.

За жал институциите не се брзи и ажурни во справување со вакви проблеми.