Внимателно ако патувате кон Западна Македонија, предупредуваат патници кои се соочиле со снег на Маврово кај Маврови Анови.
Сообраќајот според АМСМ не е во прекин од Маврово кон Дебар но има забрана за сообраќај на тешки товарни возила на кракот Маврово – Маврови Анови.
Други вести од АМСМ
Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци: Двориште – Струмица и Берово – Струмица.
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Oд 14:11 часот на патен правец Кичево – Гостивар, кај м.в. „Тајмишка раскрсница“, поради сообраќајна незгода, сообраќајот е во прекин во двата правци.
ЗАБРАНА: Од 10:30 часот воведена е забрана за движење на автобуси и тешки товарни моторни возила на патен правец Тетово – Попова Шапка, односно на потегот од с.Лисец кон Попова Шапка.






