Новинарот, поранешен пратеник и ексамбасадор на Бугарија во Хрватска, Велизар Енчев, предупредува за опасноста, според него, од впишувањето бугарско малцинство во македонскиот Устав, означувајќи го тоа како меч со две острици.



„Инсистирањето за вклучување на бугарско малцинство во македонскиот устав не само што е наивно, туку и опасно. Оваа идеја, која со ентузијазам беше прифатена во Скопје, доведува до две неповолни последици за Бугарија. Прво, на тој начин ние признаваме дека ‘македонскиот етнос’ нема ништо заедничко со бугарскиот. Второ, ѝ даваме меѓународно-правна основа на другата страна да бара признавање на ‘македонско малцинство’ во Пиринскиот крај. Да не ги затвораме очите пред вистината – тоа ќе бидат две катастрофални признанија за нас, кои ќе доведат до повторно пишување на нашата средновековна и преродбеничка историја според македонистичкото читање“, коментира докторот по меѓународно право и меѓународни односи за бугарскиот портал „Епицентар“.