,,Вмровка со тапија” е нова пратеничка на СДСМ во Собранието

Замена за екс пратеникот Зекир Рамчиловиќ во македонскиот парламент е професорката по хемија Даниела Стојанова Пановска.



По заминувањето на Рамчиловиќ за амбасадор во Црна Гора на негово место доаѓа Стојановска Пановска која е некогашен член на ВМРО во ОК Велес.

Според пристапницата за членство во ВМРО-ДПМНЕ новата пратеничка на СДСМ само за 8 години од членство во една партија станала пратеник на ривалска партија.

Рамчиловиќ беше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ но по гласањето за уставните измени за промена на името беше дел од пратеничката група на СДСМ.

Во меѓувреме неговата сопруга и едниот син се вработија во МВР.