ВМРО-ДПМНЕ останува на предлогот Ковачки да го води МВР

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски вели дека предложениот кандидат од нивна страна за технички минситер во МВР е докажан професионалец од чија способност и интегритет се плаши актуелната власт.



Предлогот вчера беше одбиен од премиерот Заев со образложение дека Драган Ковачки е војно лице шрто е спротивно на Уставот кој бара на чело на МВР да дојде лице кое во последните три години бил цивил.

„Нема да влезам во уставни толкувања. Поставен е предлог. Тоа што бараме и тоа што повикуваме е да не се одложуваат работите, да не се кочи професионалец, предлог којшто би требало да влезе на местото технички министер во МВР“, рече Стоилковски.