ВМРО-НП: Казната од судот во Париз е поради нашиот Уставен суд

Едностарно е раскинат меѓународен договор договорот со грчката компанија „Хеленик петролеум“ е причина зашто Македонија треба треба да плати 25,6 милиони евра откако го изгуби процесот со „Хеленик Петролеум” на Арбитражниот суд во Париз, велат од ВМРО-НП чиј лидер е поранешниот премиер Љубчо Героргиевски,



Уште 25,6 милиони евра казна за Македонија по штетниот договор на Љубчо за ОКТА

„На една година пред истекувањето на петгодишнипот монопол, Уставниот суд на С. Македонија се прогласи за надлежен дека може да раскинува меѓународни договори иако низ сите други случаеви на меѓународни договори во кои има стапено Македонија се има прогласувано дека е ненадлежен, се вели во реакцијата од партијата што ја пренесува МКД.Мк..

На тој начин само заради нетрпеливоста да се почека уште една година од договорот која треба да помине, С. Македонија се доведува во крајно непријатна ситуација“, пишува во реакцијата.

ВМРО-НП потсетува дека од тогаш па до денес 90% од мазутот во Македонија, вклучително и оваа последна година на голема енергетска криза, наместо да се произведува во „ОКТА“, се купува од Грција, а најмногу од „Хеленик петролеум“.