Во интервју за емисијата За или против на Алфа ТВ Мицкоски вели сега пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има кохезија и никој нема да попушти пред притисокот за промена на уставот.
Прашан дали може да се повтори 2018 како при промена на уставот за Преспанскиот договор Мицкоски вели дека тогаш тој јасно ги кажал своите позиции од кои не отстапил но дека тогаш владата преговарала и се договарала со други фактори кои имале контрола на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој има апсолутна доверба дека пратениците во овој состав на Собранието а кој тој ги избрал како лидер на партијата нема да попуштаат пред притисокот.
Иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не открива конкретно кој во 2018 година преговарал за смена на уставот тој алудира на екс лидерот Никола Груевски или на неговиот братучед екс шефот на тајната служба Сашо Мијалков, кои во 2016 година ги бираа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Во 2018 година 8 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои важат за блиски на Груевски и Мијалков гласаа за промена на уставот по што Македонија стана Северна.
Во емисијата Мицкоски додава дека нема проблем со негово заминување од политика односно со политичко самоубиство ако знае дека тоа ќе доведе до македонско национално единство и подобар живот на Македонците и сите други граѓани.
Мицкоски вели дека нема проблем да ја напушти политиката затоа што направил доволно за овие пет години на чело на ВМРО-ДПМНЕ и затоа што не е фрустриран лично.
Ако неговото заминување од политиката донесе подобри услови за Македонија Мицкоски нема проблем да замине од позицијата, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за Алфа ТВ.
,,Немам проблем да заминам ако знам дека тоа што му го нудат на македонскиот народ е сигурна европска иднина но не и кога гледам дека некој манипулира и лаже”, вели Мицкоски.
Нема со ВМРО-ДПМНЕ играње како што тоа го прават со СДСМ затоа што зад ВМРО-ДПМНЕ ќе има 61 пратеник и стотици илјади граѓани поддршка, вели Мицкоски.





