ВМРО е најголемото зло – и новинарката се огради од советникот на Заев (ВИДЕО)

Во напната атмосфера во вчерашното издание на емисијата Само Вистина на Канал 5 во која учествуваше и Тимчо Муцунски, советникот за надворешна политика на премиерот Дане Талески навреди стотици илјади граѓани на Македонија нарекувајќи го ВМРО најголемо зло (21,30 од видеото).



За Талески нема ништо погрешно што власта предлага закони како тој за јавни собири или ги усвојува како тој за прогресивен данок и потоа ги повлекува.

Советникот на Заев е кандидат за амбасадор на Македонија во НАТО.

Од независноста на земјата во 1991 година досега ниту еден политичар не навредил со толку тешка квалификација толку голем број на граѓани, во случајов гласачи на најголемата партија.

Од навредите се огради дури и новинарката на Канал 5 Елизабета Галевска.