„Уништувањето на билбордите е доказ за нервозата и паниката која владее во СДСМ. Причината за демолирањето на билбордите кои ја говорат вистината за Зоран Заев е стравот во владејачката партија од соочување со одговорност и уште еден обид за цензура на вистината. Додека Заев се богати, два милиони осиромашуваат е вистината за криминалот на Заев кое неговото обвинителство и судот по принципот “трас-трас” го амнестираше“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
На повеќе локации низ земјата беа поставени билборди на кои е претставен момент од ПИ мерките, на кои се гледа како Зоран Заев барал 200.000 евра предизвика реакција, но тие беа премачкувани со боја, пренесуваат медиуми.






