„Шилегов за 4 години го зголеми долгот на Скопје за 8.5 пати, а не направи ништо, само врши набавки по дупли цени.



За 4 години колку што е градоначалник не направи ништо, тој не успеа ниту да почне еден свој капитален проект, по кој ќе можат идните генерации да се сеќаваат на него. На Шилегов сите ќе се сеќаваат по тоа дека е единствениот градоначалник во Скопје кој не направил ништо.

8.5 пати е зголемен долгот. Градот е задолжен, а никој не знае за што и како се потрошени овие пари“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

Шилегов само со една набавка, таа на противпожарното возило со скала потроши 900.000 евра повеќе од тоа што троши град Загреб.

Иста е постапката и со набавката на клупи со 7 даски за 500 евра.

Шилегов воопшто не размислува како ги троши парите на скопјани. Трошејќи се заборавил, па троши и од парите на идните генерации.

4 години Шилегов, 4 години украден живот. Доста е!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.