Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Битола, Тони Коњановски со освоени 42,83%, е во водство пред кандидатот на СДСМ Христо Кондовски (39,23%).



На трето место е кандидатот на ЛДП/ДОМ Горан Милевски кој освои 7,32 отсто од излезените гласачи во Битола.

Спред првичните резултати, разликата меѓу Коњановски и Кондовски е помала од гласовите што ги освои лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа Горан Милевски, со чија поддршка, како што изјави генсекот на СДСМ Љупчо Николовски, се надеваат на пресврт во вториот круг.

Но за време на јавните настапи на Горан Милевски и на сите кандидати на коалицијата ЛДП/ДОМ го истакнуваа незадоволството од работата на владината коалиција.