ВМРО-ДПМНЕ во ќорсокак – анализа на Горан Момироски

Премиерот Заев има 180 дена да организира успешен референдум, да спроведе уставни промени за промена на уставното име и промена на сите членови кои што во највисокито правен акт за Грција значат иредентизам.



Најдоцна до средината на декември македонската влада мора да ги спроведе обврските кон грција затоа неделата пред католичкиот божиќ во декември е крајниот рок даден од Ципрас за завршување на македонските обврски.

Доколку Заев не успее дотогаш да ги спрведе ветувањата од преспанскито договор тој ќе пропадне и затоа надвор од било која правна и политичка логика тој се обидува со европско знаменце во исто време да ги скрати процедурите за носење изборниот законик и да ја елиминира опозицијата од процесот.

Цајтнотот во кој се наоѓа премиерот во наредниве неколку месеци речиси сигурно ќе доведе до низа нелогични и панични реакции на политички и уставен план.

Не му е лесно ниту на Мицкоски, лидерот на опозицијата се соочува со опасноста неговата партија да остане надвор од политичките просеци ако инсистира на бојкот и во исто време да учествува во процесот на менување на името и уставот ако не го напушти собранието и започне бојкот.

Најголемата опасност за опозицијата е Заев да распише избори на истиот ден кога ќе биде закажан референдумот, кој најверојатно ќе се случи на 30 септември.

Мицкоски чија канцеларијата вчера била опседната со странски амбасадори и лидер на една моќна поитичка партија нема да може да го бојкотира референдумот доколку Заев за денот на референдумот закаже и превремени парлаемнтарни избори.

Според сегашните изборни процедури сите гласачи на заедничко гласање за референдум и избори ќе бидат запишани во единствениот избирачи список со што се обезбедува цензус за референдумот.

За граѓаните не постои можност да земат гласачко ливче само за изборите а да не земат за референдумот затоа што тие ќе бидат запишани како да гласале и на двете изјаснувања со што власта ќе ги добие потребните 900 илјади гласачи за успешен референдум. Во македонија во последниве три изборни и циклуси гласаат нешто над еден милион граѓани.

Во ваква ситуација опозициајта е во ќорсокак, може да повика на бојкот на референдумот но не смее да повика на бојкот на изборите затоа што без опозицијата СДСМ и ДУИ заедно со нивните сателити можа да добијат над 81 пратеник со што со двотретинско мнозинство во Собранието можат да го променат уставот и да ги донесат сите за нив потребни одлуки.

Ваква ситуација Македонија имаше во 1994 година кога опозициајта предводена од Љупчо георгиевски ги бојкотираше изборите по што СДСМ со над 90 пратеници во Собранието донесе низа контроверзни закони и во еден ден именуваше по 600 судии.

Покрај комплицираната состојба во однос на двојното изјаснување опозицијата се соочува и со силен притисок од западните сојузници.

ВМРО – ДПМНЕ денеска во Собранието гласаше за декларацијата за влез во НАТО со што уште еднаш ги потврди своите историски заложби но доколку повика на бојкот на референдумот за влез во НАТО тогаш опозицијата ќе биде обвинета дека е антизападно настроена и е пречка за влезот во НАТО и ЕУ.

Токму затоа власта деновиве упорно инсистира на приканмата дека сите што се против референдумот се и против ЕУ и НАТО или се русофили а премиерот Заев вчера најави прашање составено од три различни подпрашања.

Посебна приказна е консултативноста на референдумот за што уставните експерти се вџашени од неколку различни причини.

Зошто воопшто владата воопшто би организирала референдум кој ќе има значење на анкета за комунални теми на локално ниво.

Јасно е дека се работи за страв кај владата дека цензусот е невозможна мисија и затоа таа се обидува да најде решенија со кои ќе го премости своите проблеми. Покрај смената на изборнито законик кој ќе се менува со 61 наместо со 81 пратеник, двојно изјаснување на денот на референдумот засега е адут на кој опозицијата нема одговор.

Третата манипулација е во референдумското прашање. Ако се анализираат референдумите од Швајцарија како земја што многу често прави плебисцит ќе се види дека таму секогаш се оди со просто прашање за кое нема никаква дилема кај граѓаните.

Уште подобар е примерот со Брегзит. За разлика македонскиот предлог во кој се прашува за три теми одеднаш британскиот гласачи при заминувањето од ЕУ добија едноставно прашање:

“Треба ли Велика Британија да остане член на ЕУ или да ја напушти ЕУ, при што беа дадени два можни одговори, да остане член на ЕУ и да ја напушти ЕУ”.

Ако британскиот модел се примени во Македонија референдумското прашање треба да гласи:

1. Дали сте за ратификација на преспанскиот договор
2. Дали сте за влез во НАТО
3. Дали сте за влез во ЕУ

Прашањето што го најави вчера премиерот е целосно погрешно затоа што во Македонија има граѓани кои што сакаат да влезат во НАТО и ЕУ а се против договорот со Грција, има луѓе кои што се за ЕУ а се против НАТО или пак се против ЕУ а сакаат да станеме членка на НАТО.

Уште една небулоза е што договорот со Грција за кој граѓаните ќе одлучуваат на референдум не е стапен во сила што значи дека ќе се гласа за хипотетичка ситуација. Без потпис на претседателот Иванов на Законот за ратификација на Преспанскиот договор практично нема формална подлога за референдумското прашање. Слично е и со прашањата за влез во НАТО и ЕУ, затоа што референдум за влез во овие две организации се прави откако членките ги имаат завшрешно сите процедури.

Посебен проблем е што доколку референдумот не успее со вакво прашње во кое се инволвирани ЕУ и НАТО Македонија пред своите западни партнери ќе покаже дека граѓаните се против евроаталнските интеграции што е апсолутно неточно.

Според последните анкети кои што ги вршат политичките партии а кои се кријат од јавноста во моментов само околу 10 проценти од македонците планираат да излезат на референдумот.

Со секој десети Македонец шт би излегол на референдумот тој во старт може да се прогласи за неуспешен но допрва треба да се види кои чекори ќе бидат преземени од владата и опозциијата во овој правец.

Ако се суди според сегашните цврсти ставови на владата речиси невозможно партиите да дојдат до договор без драстична промена на преспанскиот договор.

Друг и можеби најважен аспект на проблемот со референдумот е што премиерот бара гаранции од опозицијата дека референдумот ќе биде успешен без да ја согледа реалноста дека во случајов партиите не се тие кои што ја водат главната битка за или против промена на името.

Дури и опозициајта да се солгаси на конструктивност сепак остануваат стручната јавност, независните интелектуалци и особено активистите на социјалните мрежи кои што сега прилично успешно водат кампањата против референдумот.

Најдобар примр за тоа е твитер движењето #бојкотирам кое што е целосно непартиско.

Во него се вклучени луѓе кои така речи до вчера од лични морални принципи ја уриваа владата на Груевски а сега истото го прават против премиерот Заев поради неговите погрешни политики.

Анализата е објавена на ТВ Алфа