„СДС и ДУИ преку два тендери во РЕК Битола сакаат да испумпаат 9 милијарди денари народни пари преку фирми блиски до нив“,обвинува во денешното соопштение од опозициската партија.
„Непосредно пред избори власта во заминување распишува два од можеби најголемите тендери некогаш спроведени во Македонија. Околу 6 милијарди денари за увоз на јаглен и околу 3 милијарди денари со вклучен ДДВ за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Однапред се знае кој ќе ги добие овие два тендери со вкупна вредност од 9 милијарди денари, а тоа се блиски фирми до власта, од која една во сопственост на конзул на држава која е под санкции на ЕУ.
Власта во заминување е европска само на зборови, а во реалноста дава стотици милиони на фирми поврзани со лица во врска со земји под санкции на ЕУ.
Власта во заминување на СДС и ДУИ го ограбува народот. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите раководни лица во ЕСМ и РЕК Битола да внимаваат што потпишуваат, зошто секој еден детал од оваа криминална набавка ќе биде проверен од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението.







