СДСМ целосно одби употреба на фингерпринт терминали при попишување, со што ќе може да се попишат само оние кои се реално присутни, односно резидентно население. Доколку власта сака статистика, тогаш немаше да има воопшто проблем со употреба на фингерпринт терминали, се вели во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ .
Според опозоциската партија, Заев сака попис кој е однапред договорен, со испазарени бројки. Заев ќе спроведува попис со едноставно диктирање на матични броеви без дополнителна проверка.
Дека СДСМ не сака реален попис е доказ и дека ги одбија сите амандмани на ВМРО-ДПМНЕ, кои имаа за цел подобрување на законот за попис.
Од партијата, како што стои во соопштението, одново го повикуваазт претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува Законот за попис и да го спречи овој фалсификат во обид.






