ВМРО – ДПМНЕ утре поднесува интерпелација за Џафери

ВМРО-ДПМНЕ не очекува дека ќе помине пред пратениците ама сепак утре ќе ја достави најавената интерпелација за претседателот на Собранието Талат Џафери.



Причина за тоа, велат од партијата е нестручното и несовесното работење и претседавање на Џафери со Парламентот. Дафина Стојаноска, членка на Извршниот комитет денеска на прес конференција изјави дека откако Џафери е избран за претседател на Собранието, јавноста се’ почесто е сведок на скандали во неговото работење.

Последен во низата, вели Стојаноска е скандалот кога пратениците на опозицијата беа заклучени во собраниската сала но и ускратувањето на правото на говор и дебата.

Одлуката за барање за разрешување на Џафери дојде откако претседателот на Собранието неодамна побара да се заклучат собраниските врати од салата, за да можат службите да ги пребројат пратениците на седницата на која се распараваше за Дополнетиот предлог закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Претходно беше објавена аудио снимка на која се слуша како Џафери пцуе и ги навредува собраниските служби.