ВМРО-ДПМНЕ: Според Виенскиот институт, Владата на Заев троши повеќе отколку што има

„Виенскиот институт за меѓународни економски студии утврдува дека Македонија е една од трите земји во Централна и Источна Европа кај која нема подобрување на економските проекции, односно земјата тоне. 



Во анализата се посочува дека економијата не може да започне да се опоравува од пандемијата. Според истата БДП во првиот квартал од 2021 година падна за 1,9% – што е четврти последователен квартал со пад“, велат во партиското соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија е во рецесија, велат тие, додавајќи дека со политиките на Заев излезот е сè потежок.

„А заздравувањето на економијата не е ниту на повидок. Извештајот на Виенскиот институт нотира дека власта троши повеќе отколку што има. Според истиотw буџетскиот дефицит во првиот квартал завршил на 4% од БДП. А се нотира и слабата реализација на капиталните расходи, која паднала за 34% под планот“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ