Владата на СДСМ и Димитар Ковачевски свесно создадоа хаос со промена на патните исправи, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ која потсетува дека првото понижување го направија со промена на уставното име.



Потоа, со промената на личните документи, а сега и со тоа што Република Грција го информира светот дека патните исправи на граѓаните од Македонија од 12 февруари се неважечки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Грција буквално слави победа над Македонија, а Ковачевски збор не изустува. Каде е сега Ковачевски да зборува за проевропски вредности и принципи? Ова ли е таа проевропска вредност? Па во која друга земја од Европската унија се случува ова кое што се случува во Македонија и тоа само поради попустливите политики на владата на СДС и Ковачевски? Владата на СДС и Ковачевски ја понижија државата и граѓаните каде стигнат“, се наведува во партиското соопштение.

„Ова ли е проевропска вредност, да ги малтретираш сопствените граѓани да си ги менуваат патните исправи и да им создаваш дополнителни трошоци“ – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително, вина за ваквата состојба има и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој свесно ја остава МВР без обрасци, за народот да се револтира.

Кога ВМРО-ДПМНЕ информираше дека недостасуваат обрасци, Спасовски и Ковачевски не обвинува дека манипулираме со јавноста, за денеска да се испостави дека единствени што лажат и манипулираат се токму тие од СДСМ“, се вели во партиското соопштение.